Страшното невреме веќе беснее на Балканот, еве кога влегува во Македонија

Најпрвин Словенија, потоа Хрватска, Јадранот, Босна и Херцеговина, Црна Гора, соседна Србија па Македонија утре попладне и навечер ќе биде зафатена од студен фронт од север кој ќе предизвика силно невреме.

Од ова невреме во поголем дел од Македоија се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења,

силен ветер, како и појава на град кој локално би можел да биде и крупен. Токму поради ова апелираме на крајна претпазливост.

Од недела ќе дува засилен ветер од западен и од северозападен правец, а температурите позначително ќе се намалат (дури за околу 10 степени, а во северните предели локално и за повеќе од 10 степени).

Во Алпскиот регион како што и претходно најавивме очекуваме и врнежи од снег.

Буквално целиот регион ќе биде погоден од ова силно невреме, повторно постои опасност од појава на торнадо, па и од суперќелиско невреме кое би можело да направи многу штети.

Локално исто така постои опасност од појава на поројни поплави и лизгање на земјиштето.

Словенските колеги (метеоролози) овој бран на невреме и студен продор од север го нарекоа “Убиец на летото”, односно со ова сакаат да кажат дека вистинските горештини и лето се позади нас.

Исто така и од наша страна беше најавено истото уште пред речиси една седмица.

Извор: Метео аларм / Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде