Полицијата уапси 86-годишник кој нападнал малолетно девојче.
СВР Тетово информира дека вчера, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода 86-годишниот М.З. од гостиварска Долна Бањица.
– Во 19.45 часот во ОВР Гостивар тој бил пријавен од 37-годишната Г.И. од Гостивар дека околу 17.45 часот во зградата во која живеат физички ја нападнал нејзината малолетна ќерка и ѝ се заканил со остар предмет.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.