Синоќа околу 22 часот и 45 минути на автопатот А1 кај излезот Равча во правец кон Дубровник се случила сообраќајна незгода, судир на два патнички автомобили, извести утрово полицијата.
Три лица починале на местото на настанот, додека две се пренесени во болница и биле констатирани повреди опасни по живот.
На местото на несреќата е спроведена истрага, предводена од заменикот на општинското државно правобранителство.
Повеќе информации ќе има во претпладневните часови.
Истрагата траеше со часови и се уште нема повеќе информации.
На местото на настанот имало неколку противпожарни возила и неколку возила на брза помош.
Делницата од автопатот меѓу Загвозд и Равча во правец кон Дубровник беше затворена со часови.