Утрово се огласи Славчо Попоски: Еве кога точно ќе започне невремето и кои делови ќе бидат први погодени

Страшното невреме во Словенија, и катастрофалните поплави со себе однесоа неколку човечки животи.

Невремето забрзано се шири низ целиот балкан, а денес во попладневните часови и во текот на ноќта ќе ја зафаќа Македонија и тоа почувајќи од западните предели. 

Во најголем дел од државава ќе има интензивни поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења, како и појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

Оваа голема нестабилност, поврзана со студен фронт од север, како и со Џеновскиот циклон од денес навечер од запад ќе се поместува кон исток од Македонија, и најсаилна ќе биде во централните предели од државава.

Можни се штети поради очекуваното невреме и во Македонија, како и локални поројни поплави.

И според нашата алатка за рано предупредување на невреме “NOTHAS”, се очекува големо невреме на повеќе места низ Македонија, и истата проценува ниво 3 за денес попладне и навечер (тоа значи засилен развој на грмотевични облаци и временски непогоди).

Апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, но и да не излегуваат од своите домови додека трае невремето.

Од утре, под влијание на значително посвеж воздух од север, температурите ќе опаднат за околу 10 степени, а во северните предели и за повеќе од 10 степени. 

Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Утре исто така сеуште ќе има локални врнежи од дожд и грмежи, а потоа следува период на стабилно и суво време, со значително свежи утра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде