Паднати дрвја на сите страни, силниот ветер корнеше покриви, луѓето стојат на автомобилите: Ужас во Белград

Невремето кое беснеше низ Белград зад себе остави поплавени улици, автомобили заглавени во вода, но и откорнати дрвја, паднатипокриви… Во главниот српски град за миг се стемни, дуваше силен ветер и паѓаше град.

Централните градски улици за брзо време станаа водени потоци. Невремето со град беше придружено со силен ветер и дожд, како и со значителен пад на температурата.

Новите снимки од невремето кои се појавуваат од минута во минута на социјалните мрежи ја покажува моменталната состојба на главниот град за време на невремето.

Така, на едно видео се гледаат куп автомобили под надвозник, додека возачите чекаат да престане невремето за да продолжат по својот пат.

Претпоставката е дека возачите се плашат од град.

Исто така, на фотографијата снимена на Автокоманда се гледа дека подземниот премин е речиси целосно потопен.

Во Бањица е снимена страшна сцена, а како што пишува под објавата на Инстаграм профилот 192_rs, бурниот ветер го однел покривот од станбената зграда.

Колку Земун е навистина потопен, покажува едно од видеата од социјалните мрежи, на кое може да се види река на улица, автомобилите стојат во место и едвај се гледаат од нивото на водата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде