Последна вест од УХМР: Невреме ќе го зафати Скопје
Нестабилна облачна маса од југзапад со правец на движење кон североисток проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува да го зафати скопското подртачје.
Претходно УХМР објави дека нестабилност има во Ресен, Кичево, Струга и Охрид…
Нестабилност јужно од Ресен, со можност да има појава на пороен дожд и град
Јужно од Кичево нестабилност со можна појава на поројни врнежи од дожд и појава на град, правец на движење е кон Кичево
15:42 Моментална состојба, нестабилно во југозападните делови, во охридско-струшкиот регион со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според последните информации, невреме има и во прилепскиот регион.