ВИДЕО: Тепачка помеѓу вработени во ЈП „Паркови и зеленило“

Гранки, лисја, тупаници летаат меѓу вработени во ЈП „Паркови и зеленило“, се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи.

Тепачката се случила пред Зоолошката градина во Скопје, а на видеото може да се забележи дека неколкумина вработени ги разделуваат раскараните колеги.

Засега не е позната причината за инцидентот меѓу вработените во претпријатието.

„ЈП Паркови и Зеленило, жестока расправа за “Европскиот Манифест” со дрвја, камења, тупаници и аргументи.

Јавната дебата се води пред Зоолошка и се очекува победа на Европскиот фронт, со или без градоначалничката“, стои во описот на видеото објавено на Твитер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде