Музичката сцена во солзи: Почина познатиот музичар

Легендарниот музичар од Детроит, Сиксто Родригез почина на 81-годишна возраст, јавуваат светските медиуми.

Родригез беше инспирација за документарниот филм на Малик Бенџелоу, награден со Оскар во 2012 година, „Searching for Sugar Мan“ (Барајќи го Шугармен),

кој ja следеше потрагата на двајца Јужноафриканци во обидот да го пронајдат познатиот музичар кој никогаш не го виделе.

Имено, во раните 70-ти, Сиксто Родригез има обид за музичка кариера во Детроит, пришто објавува два добро прифатени, но слабо продадени албуми.

Неговите напори згаснуваат многу брзо, не успева да стекне популарност и продолжува да работи тешка физичка работа во САД.

Сепак, во истиот период, музиката на скромниот и талентиран пејач е одлично прифатена во Јужна Африка, каде што Родригез станува музичка икона, ѕвезда во подем и инспирација за новите генерации кои дополнително поттикнати од неговите ноти го предводат бунтот против власта.

Родригез речиси три децении не бил свесен за неговата популарност на другиот континент.

Кога дознава и заминува во посета на Јужна Африка е дочекан како рок ѕвезда, а сите негови концерти се распродадени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде