Апокалиптични сцени: Хаваи во пламен, шест лица ги загубија животите

Шест лица загинаа во големите шумски пожари што во текот на ноќта го зафатија хавајскиот остров Мауи, соопштија властите.

Пожарите поттикнати од силните ветрови на ураганот Дора уништија корпоративни згради во историскиот град Лахаина и повредија најмалку дваесетина луѓе, соопштија официјални лица.

Поради пожарите без изведени 13 евакуации.

Спасувачите на американската крајбрежна стража извлекоа десетина луѓе од океанот кај Лахаина, откако скокнаа во водата за да избегаат од пламените јазици и чадот. Лица кои се здобиле со изгореници биле префрлени на островот Оаху.

Американскиот претседател Џо Бајден нареди да се стават на располагање сите расположливи федерални средства и им изрази сочувство на жртвите.

Над Лахаина летале членови на американската цивилна воздушна патрола и пожарникарската служба во Мауи и откриле дека најмалку 271 објект е оштетен или уништен.

Но, проценката на целосниот обем на штетата може да потрае со недели или месеци, рече Махина Мартин, портпаролка на округот Мауи.

Ричард Бисен Џуниор, градоначалник на округот, објави дека се уште не е познато како и каде настрадале граѓаните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде