ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатата македонска актерка

Денес почина истакнатата актерка Катина Иванова, која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Веста ја споделија и официјално од МНТ, нејзината матична куќа.

“ Со огромно жалење ја споделуваме веста за заминувањето на големата Катина Иванова.

Катина беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет.

Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек“, се вели во соопштението на МНТ.

Катина е родена во 1951 година. Дипломира на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 година.

На сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976).

По дипломирањето, односно од 1979 стана член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави. 

Со подеднаква професионална љубопитност и страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи.

Снимила десетина филмови и ТВ серии. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде