Масовна тепачка на роденденска прослава – 13 лица приведени

Денеска (11.08.2023) во 02.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сарај, скопско, по претходно недоразбирање околу роденденска прослава,

бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.И.(64), Д.И.(35), Д.И.(41), Е.И.(28), А.И.(66) и една малолетничка,

од една страна и нивните роднини Џ.Е.(43), А.И.(23), Д.И.(41), Џ.И.(18), А.И.(21), Џ.И.(19) и З.И.(38), од друга, сите од с.Сарај,

при што биле употребени и тврди предмети.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде