Полудениот убиец Нермин Сулејмановиќ денеска во Градачац брутално ја убил својата невенчана сопруга Невзета Хеќимовиќ.
Брутално ja претепал, па ја убил – Нејзиното убиство го пренесуваше во живо на Инстаграм.
Тој најпрвин брутално ја претепал сопругата, а потоа ја снимал крвава и со бројни повреди додека таа седела пред куќата, вкочанета од ударите, а лицето изобличено од повредите.
Убиецот потоа го зел пиштолот, а во позадина на видеото се слуша како плаче дете. Сулејмановиќ потоа ја снима својата тешко повредена сопруга со зборовите „види, кога си имаш работа со +**** која те пријавува во полиција“.
Како што можеше да се види на вознемирувачкото видео, тој ја прашал несреќната жена зошто го пријавила во полиција, а таа му одговорила дека се плаши за себе и за детето.
„Се плашев за себе и за детето“ -Се плашев, се плашев за себе и за детето – изјавила низ голема мака, по што убиецот ладнокрвно и пукал во главата.
Да потсетиме, во крвавиот поход на Нермин Сулејмановиќ беа убиени Невзета Хеќимовиќ, невенчаната сопруга на Сулејмановиќ, потоа Ондер Џенгиз и Денис Џенгиз, татко и син, турски државјани.
Ранети се полицаецот Хусеин Коториќ и граѓанинот Недим Памуковиќ, како и Хариса Џенгиз, сопруга на Ондер Џенгиз.