Фејсбук пост на актерот Сашо Тасевски:
Пола саат сликаше кригла со пиво и похован кромид. Жена околу триесет години. Вчера вечер. Имам и сведоци. Чичо Фики и чичо Цуки.
Фото сесија им праеше на пивото и кромидот.
Со таква посветеност обично се сликаат важни моменти од животот. Ама пиво и кромид… Зошто бе!?
Повеќе не го разбирам светов. Или ако е стварно поле, тоа е поле за натпревар меѓу лудаци. Кој е полуд…
Па ќе пивне од криглата, ќе апне тркалце кромид и пак ќе ги слика. Другарка и помага во композиција на кадарот.
Пивото љубов моја, ах кромид ах страст!
Знаете шо?
Овие жениве што си ги сликаат силиконите по плажи, потпрени на волан во кола, на тераса со филџанот кафе на цицките, за таа вчера се пример за интегритет и ментална урамнотеженост. А нив знаеме што и колку им фали.Иако тоа понекад е фино да се погледне, рука на срце, да не глумиме пуританци.
Но, она вчера е изгледа некоја нова дијагноза.
Сакам дипл. психијатар и психолог од фејсбуков да ни помогнат да сфатиме. Што е она лудило и колку е заразно?