Македонските пензии се најниски – погледнете колку земаат пензионерите во земјите од регионот!

Македонските пензии најниски во регионот и во однос на просечната и во однос на минималната пензија, објавува АЛФА.

Податоците од пензиските фондови покажуваат дека Македонија во однос на просечната пензија е на дното, односно повисока просечна пензија од нас земаат пензионерите во Црна Гора, Хрватска, Бугарија, па дури и од Србија и во Босна и Херцеговина, иако разликата со нив е нешто околу 10 евра.

Што се однесува на  минимална пензија не сме последни, туку претпоследни. Пониска минимална пензија земаат само српските пензионери.

Таму минималната пензија е 10.518 денари , а кај нас се движи од 10 илјади до 12 илјади.

Држава                  Просечна  пензија               минимална пензија

Хрватска                  39,507  ден                              33,103ден                                  

Црна Гора               22.109 ден                               17.367 ден

Бугарија                  21,167  ден                              16,458  ден

Србија                    19.886 ден                               10.518 денари

Босна и Херцеговина 19,514                                15596     денари

Македонија                 19. 052                                  до 13.000  денари

Во Македонија има вкупно 333.882 пензионери, а дури 94.117 од нив земаат пензија до 13 илјади денари, што е речиси два пати помалку од минималната плата.

Според податоците на синдикатот, сумата која ја земаат пензионерите во изминатите години не само што не се покачува дури и стагнира.

Ако пред две години просечната пензија била поголема од минималецот, денеска просечната пензија е помала од минималната плата.

Револтот кај пензионерите се крена откако Владата не ги слуша и упорно ја „продава“ методологијата, дека со 6 отсто зголемување, ќе се придонесело за историски најголем раст на пензиите.

Всушност со процентуалното зголемување, оние кои земаат најниска пензија ќе добијат покачување од само околу 600 денари. Најголемо покачување од 1.620 денари ќе добијат корисниците на воена пензија, а најниско земјоделците во висина од 588 денари. 

Најголемиот дел на пензионери, односно оние кои земаат старосна просечна пензија со тоа покачување ќе добијат околу 1.233 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде