Славчо Попоски објави мапа: Еве каде е можна појава на невреме во Македонија!

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. UV=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, објавија од УХМР.

Славчо Попоски објави мапа за можна појава на невреме.

Нашата алатка за рано предупредување на невреме NOTHAS за денес прогнозира ниво 2/3 умерен до засилен развој на грмотевични облаци! Местата кои се означени со ниво 3 можни се краткотрајни временски непогоди!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде