Страотна сообраќајка кај Велес, пет лица итно пренесени во болница

Пет лица, од кои две потешко, се повредени во тешка сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на автопатот Скопје-Велес, објави Курир.

Од СВР Велес потврдуваат дека околу 18 часот кај нив било пријавено дека автомобил „Алфа Ромео” со велешки регистарски ознаки, управуван од Х.А (38) од село Долно Јаболчиште излетал надвор од автопатот.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Џ.А (36) и Џ.А (68) исто така од село Долно Јаболчиште,

констатирани во комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје, а со телесни повреди се здобиле К.С (20), В.С (48) и едно малолетно лице од село Горно Јаболчиште,

констатирани во ЈЗУ ОБ Велес – изјави Ристе Самарџиев, портпаролот на СВР Велес, чија екипа извршила увид на местото на настанот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде