Петгодишно дете се загуби на плажа на Халкидики, дедото заспал на лежалка

Случајот со петгодишно момче кое се загубило денес на плажата Сивири на Халкидики ги вознемирил капачите.

Како што пишуваат грчките медиуми, луѓето кои биле присутни на плажата забележале дека момчето талка само и изгубено, по што била известена полицијата.

Дури еден час полицајците трагале по роднините на момчето, јавуваат локалните медиуми.

Очевидци раскажуваат дека момчето било на плажата со својот дедо кој во тие мигови се испоставило дека заспал на лежалка.

За среќа, потрагата завршила успешно, но полицијата отворила случај против несовесниот дедо.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде