Најчевска со предлог како да се зголемат пензиите: Пари има!

Професорката Мирјана Најчевска деновиве честопати се осврна на темата пензии.

Таа нескриено ја поддржува идејата за зголемување на примањата на пензионерите, а во својот последен пост дури и даде

свое видување од каде може да се пронајдат средства во буџетот за да им се зголемат пензиите на пензионерите, особено помалите пензии. 

– Тие 200 милиони за пензионерите може да се земат од администрацијата на Владата (за која се издвојуваат над милјарда денари),

и со укинување на бесмисленото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците кое влечи над 200 милиони денари.

Или, пари има, само треба да се распоредат.

Така? – напиша Најчевска на Фејсбку.

Нејзиниот пост предизвика бројни реакции меѓу граѓаните, од кои најголем дел се сложуваат со ставот дека потребна е само прераспределба која ќе води кон подобро планирање на парите во буџетот и поголеми пензии за граѓаните кои се залагале и работеле во државата и во нејзиното издигнување. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде