Реџепи најави македонски и албански општини во Македонија: Ова не би го посакувале, но реалноста е таа

Пратеникот Скендер Реџепи, кој беше дел од Алтернативата, а сега дејствува како независен пратеник,

прв од пратениците доби збор на седницата за уставните измени за вметнување на Бугарите.

Тој бараше да се избрише формулацијата „20 отсто“ од Уставот при измените што треба да се донесат следниот период.

Реџепи рече дека со вметнувањето на Бугарите ќе се отворат хоризонтите кон ЕУ, но во државата ќе има меѓуетнички тензии.

Според него, Албанците не смее да бидат заложници.

„Може да се случат и други барања, албански општини да бараат пат кон ЕУ, одделно од македонските општини. Ова не би го посакувале, но реалноста е таа“, рече Реџепи.

Побара одговорност од пратениците.

„Македонија денеска е пред голема раскрсница. Имаме пат на кој можеме да патуваме заедно како народи, како заедничко тело на државата и докажувајќи дека Македонија може да биде дел од ЕУ.

Најдобриот пат за сите граѓани е тоа што ние треба да отвориме нови хоризонти кон ЕУ и да ги затвораме и етничките прашања. Како може да се случи тоа.

Со предлогот за измена јас би предложил таму да бидат и Гораните, Торбешите и овој Устав да биде иницијатива за бришење на ’20 отсто’ бидејќи е срамно и 20 години живеат со срам од тоа. Ова ќе биде добро за сите граѓани“, појасни Реџепи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде