Славчо Попоски утрово со предупредување: Опасност од силно невреме денеска во овие делови од Македонија

Денес од пладневните часови атмосферата позначително ќе се дестабилизира во западните и во југозападните предели од Македонија, каде ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради енергијата во Атмосферата локално можни се поинтензивни Атмосферски процеси (невреме), проследено со интензивен пороен дожд, олуен ветер,

силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и покрупен.

Токму поради ова апелираме на крајна внимателност, особено при појава на силни и чести електрични празнења (да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја).

На следната метеоролошка карта можете да погледнете дека денес попладне нестабилноста ќе биде поинтензивна во западните и во југозападните предели:

НАПОМЕНА: Поради локалноста на процесите, нестабилноста на некои места од овие предели (градови) би можела да изостане, односно воопшто да не се појави.

Исто така помала нестабилност можна е и во делови од Скопската котлина.

И понатаму останува многу топло, односно температурите нема многу да се менуваат во споредба со вчерашните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде