Тројца туристи од Македонија вчера биле спасени од давење на плажата во Гољем, петнаесетина километри јужно од Драч, пренесува Вечер.
Како што информира албанската полиција, тие биле изнесени од разбранетото море и потоа однесени во болница. Двајца туристи се во тешка здравствена состојба.
Според полициското соопштение, кое го пренесува АБЦњус, (ABCnews.al), туристите влегле во морето на плажата во Гољем ризикувајќи да се удават додека пливале.
Откако биле изнесени од морето, на плажата им била укажана прва помош од присутната крајбрежна стража и полициски службеници од Каваја кои во моментот биле дежурни на плажите,
„Тројцата туристи се испратени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош. 48-годишниот државјанин е надвор од животна опасност,
додека 66-годишниот државјанин и другиот државјанин, на возраст од околу 60 години, се во тешка состојба.
Истражна група работи на расветлување на околностите на настанот“, соопшти албанската полиција.