ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Во страотна несреќа загина 20-годишно момче

Вчера околу 11.40 минути во сообраќајна несреќа која се случила во Македонска Каменица животот го загубил 20 годишен мотоциклист.

Починатиот управувајќи мотоцикл „хонда“ изгубил контрола и излетал од коловозот по што И.К. испаднал од моторот.

На 20.08.2023 околу 11,40 часот било пријавено дека на ул.„Каменичка”. мотоцикл „хонда”, управуван од И.К.(20) од Македонска Каменица изгубил контрола и излетал од коловозот по што И.К. испаднал од моторот,

а моторот удрил во патничко моторно возило „рено лагуна” со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(47) од Делчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.К, кој на пат кон болница починал. Од страна на лекар од итна медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Пријателите и роднините на социјалните мрежи се простуваат од младиот Иван.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде