Сојузот на синдикати на Македонија поднесе предлог до Собранието за намалување на функционерските плати, односно наместо 78 отсто покачување, нивните плати да се пресметуваат според општиот колективен договор.
– Во член 13 од Општиот колекективен договор за јавен сектор се предвидува дека Основната бруто плата на вработените во јавниот сектор е составена од:
-просечна бруто плата и – коефициент на сложеност на работното место, а начинот на пресметување на бруто платата согласно член 13 од овој колективен договор, започнува да се применува од 01.03.2025 година.
Имајќи во предвид дека револтот на работниците, граѓаните, пензионерите е огромен поради зголемувањето на платите на функционерите за 78% согласно Одлуката на Уставниот суд, сметаме дека е потребно да се извршат итни измени на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, стои во отвореното писмо од Синдикатот до работниците.
Нечовечки е толку да се зголемст платите, во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, алармираст од синдикатот. Од таму додаваат дека функционерите не сработеле ништо, со што го заслужиле покачувањето.
– Сојузот на синдикатите на Македонија изминатиот период апелираше до сите избрани и именувани функционери и им укажуваше дека несвојствено, нелогично и нечовечки е толку драстично да се зголемат платите на функционерите особено во време кога работниците, граѓаните и пензионерите се соочени со справување со последиците од економската, здравствената и воената криза, зголемените трошоци за живот – инфлацијата, големиот раст на Синдикалната минимална кошница која ги отсликува само основните потреби на едно четиричлено семејно домакинство и тоа само за преживување.
Укажувавме дека фукционерите наместо да мислат на ранливите категории на граѓани, работниците и пензионерите размислуваат единствено за себе и за своите потреби и си овозможија без реални и оправдани причини за својот ангажман и работење, енормно зголемени плати за 78% наеднаш, а што не е познато ниту во нашето опкружување ниту пак во друга држава во светот.
Ние синдикалците и граѓаните не гледаме испорачани резултати од страна на функционерите на планот на подобрувањето на општествениот и економскиот развој, ниту пак видовме зголемен ангажман и зголемена продуктивност на функционерите за 78% за потоа да добијат ваквото енормно зголемување на платите од 78%, се вели во писмото.
ССМ предлага порастот на платите на вработените во јавниот сектор и на функционерите да биде на еднакви принципи без дискриминација согласно договорените принципи во Општиот колективен договор за јавен сектор и правилата за работниците да важат подеднакво за функционерите.
– Доколку Владата смета дека зголемување на платите од 10% од септември 2023 година и утврдување на методологија за пресметка на платите по принципот просечна бруто плата и коефициент на сложеност на работното место, но започнувајќи од 1 март 2025 година за работниците, истиот принцип функционерите треба да ги применат и за себе и затоа ССМ го дава овој предлог токму во таа насока на примена на еднакви принципи за платите на сите вработени во јавен сектор и избрани и именувани функционери без оглед дали тоа е на централно или на локално ниво, се вели во писмото.