Видео од сообраќајката во Струмица – во возилото превезувал 17 мигранти

Во текот на вчерашниот ден во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица,

едно лице управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“ со возилото удрило во семафор, по што возачот на возилото побегнал од местото на настанот.

Во моментот на несреќата во возилото се превезувале 17 лица мигранти од Сирија, од кои 6 малолетници и Н.Б.(45) од село Блаце, општина Чучер Сандево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот Н.Б. и уште едно лице мигрант, констатирани во Медицински центар Струмица,

а увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На фејсбук страницата Дрнка.МК портал е објавено видео од сообраќајката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде