Власта објави убава вест за земјоделците: Проверете ги Вашите сметки, исплатени се 88.6 милиони денари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците производители на млеко дека денеска,

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Кон 5.400 млекопроизводители исплатена е финансиска поддршка во вредност од 88.6 милиони денари за произведено и предадено млеко во периодот мај – јуни 2022 година.

Како корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда,

овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари / литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 / литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Оваа година земјоделците се сведоци на навремена и брза исплата на субвенциите.

Изминатиот период АФПЗРР ја реализираше и исплатата за предаденото млеко од периодот јануари – април 2023 со што вкупната премија по овој основ за млекопроизводителите исплатени се над 232 милиони денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде