Тажна вест: Имаше само 22 години – загина познатиот спортист

Од Белгија денес пристигна тажна вест за смртта на 22-годишниот велосипедист Тијл Де Декер кој победи на трката Парис-Рубои оваа година.

Декер починал само два дена откако доживеал несреќа на еден тренинг.

На тренингот тој се забил во заден дел на автомобил, а веднаш потоа бил пренесен во болница во Антверпен.

Во болницата според информациите на медиумите му била направена операција, а бил ставен и во вештачка кома.

„Со голема трага објавува дека Тијл Де Декер почина по несреќата на тренингот во средата.

Тимот е скршен поради оваа трагедија и испраќа сочувство до семејството и неговите сакани во овие тешки моемнти“, објави белгискиот клуб.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде