Три земјотреса се регистрирани на територијата на Србија во текот на ноќта и утрово.
Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, првите два земјотреса се регистрирани на подрачјето на Крушевац, додека третиот е регистриран кај Баљевац на Ибар.
Првиот земјотрес со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 2 часот и 22 минути на длабочина од шест километри,
а само минута подоцна следел уште еден со ист интензитет, на длабочина од девет километри, јавува Танјуг.
Во 3 часот и 20 минути е регистриран трет земјотрес со јачина од 1,6 степени,
а епицентарот бил кај Баљевац на Ибар, на длабочина од седум километри.