Гого Славески е нов светски шампион во велтер категорија во борбите со голи раце во БКФЦ верзијата,
откако ноќеска во Мајак го совлада Џејк Лидзи со едногласна одлука на судиите, по што искажа огромна радост од остварениот успех.
Станува збор за скопјанец од населбата Ѓорче Петров, кој веќе една деценија се пробива во САД и кој конечно успеа да се искачи на врвот со шестата победа во исто толку мечеви во овој спорт.
По победата тој гордо на цел глас ја спомена својата држава, на која е горд без разлика што долго време живее надвор од неа.„Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја.
Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот.
Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони“, викаше на цел глас Славески по прогласувањето за победник на синоќешната пресметка на Флорида.
Gorjan Slaveski defeats Jake Lindsey via unanimous decision (49-46, 49-46, 48-47) to become the undisputed #BKFC welterweight champion. #BKFC49 pic.twitter.com/UulSdpeH5u
— InsideFighting (@InsideFighting_) August 26, 2023