На 25.08.2023 во 07,40 част во Струмица на крстосницата од ул. „Ленинова“ и ул. „Браќа Миладинови“,
патничко моторно возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(68) од с.Дабиље, струмичко удрило во Д.Х.(74) од с.Василево, струмичко.
„Д.Х. била пренесена во Медицински центар-Струмица, каде од лекар и била констатирана тешка телесна повреда.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица“, велат од МВР.
Во изминатиот период, имаше и други случаи на прегазени пешаци.