Најчевска жестоко распали: На раководни позиции да дојдат интелигентни луѓе, а не луѓе на граница на одземање деловна способност

Напредокот кон ЕУ е прифаќање и примена на ЕУ стандардите, се друго е форма. 

Ова дел од денешниот пост на професорката Мирјана Најчевска, која нескриено ја критикува секоја влада во постапките и грашките кои ги прават. 

Таа укажува дека иако сегашната власт веќе седум години ја има „палката“, сепак, вината за застојот ја бараат во опозиционерите, и потеницра дека е крајно време на раководни функции да се постават писмени луѓе. 

– Многу ми е интересно кога тие кои се на власт 7 години и кои не ја помрднаа државата ни за ангстрем понапред во владеењето на правото, намалувањето на корупцијата и функционирањето на демократските институции, одеднаш вината за застојот во евроинтеграциските процеси ја гледаат во ВМРО.

Напредок кон ЕУ е прифаќање и примена на ЕУ стандардите, се друго е форма.

Се што до сега направи СДСМ во соработка со мафијата регистрирана како партија е мафтање со европското знаменце и негова злоупотреба.

ВМРО никако не е решение на проблемот.

Ако странците навистина сакаат да помогнат наместо притисок за уставни промени ќе сугерираат формирање експертска Влада која ќе ги постави темелите на евроинтеграцискиот процес.

И дајте луѓе на раководни позиции да дојдат елементарно интелигентни луѓе а не луѓе кои се на граница на одземање деловна способност – напиша Најчевска. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде