Вечерва Oхрид го зафати силно невреме. Невремето беше проследено со грмежи и молскавици.
За неколку минути улиците се наполнија со вода.
Засега нема информации дека има поплавени објекти.
Охриѓани велат – се споија небото и земјата.
„Нема струја во делови на Охрид, од припек на плус 700 сега има грмотевици со страшна бура, некој ненормален дожд, ветар и магла…Од ден стана ноќ за неколку секунди. Некој нека излезе на ова време и нека каже дека сево ова е нормално.
Но, ние сме навикнати само да промрмљаме – ај теорија на заговор и сме го решиле проблемот“, пишуваат граѓани на социјалните мрежи.
Според прогнозите на УХМР, топлото време ќе се задржи до понеделник, а од вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи.
Од вторник се очекува и намалување на дневните температури за неколку степени
Сончево и топло – вакво време нè очекува денеска во земјава. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР),
попладне во јужните делови од земјава ќе има развој на нестабилна облачност и услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Минималните температури денеска ќе бидат во интервал од 13 до 22 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.