„Траеше 30 секунди, се тресеше навистина силно“: Силен земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтер ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индонезија, јавува EMSC.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 207 километри северно од градот Матарам и на околу 192 километри северо-северозападно од градот Лабуан Ломбок.

Земјотресот се случил на длабочина од околу 516 километри.

Граѓаните на Индонезија кои го почувствуваа потресот ги оставија своите коментари на веб-страницата на ЕМСЦ.

„Тоа траеше 30 секунди“, „Навистина силно се тресеше, се чувствував како на брод“, „Беше силно“, „Ме разбуди од сон“, „Долго се тресеше“, „Тоа ги разбуди речиси сите во хотелот“…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде