Денеска околу 10 часот на улица „Светозар Пеповски“ во Гостивар,
полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 31-годишниот гостиварец А.Н.
Како што соопшти, тој се сомничи дека на 26-ти јуни годинава извршил обљуба врз малолетничка, инаку роднина на неговата сопруга.
Гостиварецoт А.Н. е задржан во Полициската стница Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот,
по што против него ќе следува поднесок.