Доцна вечерва се огласи Груевски: 10 години ова одбивав да го коментирам, но сега ќе кажам

Неспособна власт која е за мајтап се подбива со власта чии успеси никогаш нема да ги достигне

Изминатите денови во еден ист ден премиерот Ковачевски и неговиот партиски портпарол во некоја дневна расправија со актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кажаа дека тој, исто како и јас како негов претходник, измислувал светски заговори и специјални непријатели на Македонија.

Не навлегувајќи во дневните дебати и препукувања помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните актуелни челници и преставници, а имајќи во предвид дека оваа тема проширена со тоа дека јас сум ја изолирал земјата е една од многу пати повторуваните лажни тези и обвинувања упатени кон мене во последните не само 6, туку можреби и 10 години, нешто што најчесто го игнорирав бидејќи сметав дека е очигледна невистина, решив сега барем еднаш да го коментирам.

I. Мојот прв дел од одговорот е дека со оваа теза тие всушност сакаат да си ги покријат грешките и преголемите остапки во договорите со Грција и Бугарија заради кои гневот на мнозинството граѓани е сеуште голем. Нивната теза не е дека Грција и Бугарија имале некаква вина што не ја натерале владата на Заев да потпише нешто што не го потпишаа ниту еден од поранешните премиери и влади, туку дека вината е кај мене и кај нас како влада која ја предводев што не сме сакале уште пред 15-16 години да потпишеме тоа што тие во 2019 година го потпишаа. Во ред, разбирам дека СДСМ мора да се брани, колку и да тешко се бранат некои одлуки, мора да бара некакво оправдување, нешто да кажат, па макар и да излажат.

Но, индиректно фрлајќи ја вината кај македонските влади, поточно кај мене и владата која ја предводев, бидејќи сите други поранешни премиери се дел од нивниот табор сега, па не сакаат со нив да се конфронтираат, и амнестирајки ги преку не споменување нашите два соседа, не ми прави мене никаква штета, но од себе во очите на народот кој размислува со сопствена глава, во најдобар случај прават да личат на кловновни, а во нешто полоша варијанта на луѓе кои работат за туѓи интереси.

Народот многу повеќе би ценел иако не верувам дека би простил, ако се поискрени и кажат: “нашиот поранешен лидер Заев за му помогнат да стане премиер (по веројатно би пишале “за да му помогнат да го смени “режимот”), дал ветувања дека ќе го реши ова прашање во краток рок, и потоа се најде во ситуација во која мораше да направи болни компромиси спротивни на волјата на мнозинството, но во сето тоа има и некои позитивни работи…, и понатаму нека смислат нешто.

Правејќи го виновен тој што жестоко се борел за национален интерес, барал илјада начини како да се надмине спорот а да нема така брутални остапки по прашањата од висок национален интерес, заради што трпи и веројатно уште долго ќе трпи лични последици, вие само ја зголемувате загубата на вашата доверба бидејќи ја потценувате интелегенцијата на мнозинството народ, а тоа има цена, која се плаќа на изборниот ден.II)

Вториот дел од мојот одговор е практично одговор на едно многу едноставно прашање а тоа е дали е можно да сме измислувале светски заговори, специјални непријатели и да сме ја изолирале земјата, кога надворешно-политички таа политичка гарнитура била најактивна и се борела со сериозни аргументи, колку и да не успеала во тоа?

Ова може да се види најмалку од десетина случувања во тој период. Секако имаше и слабости и грешки, но кога тие слабости и грешки ќе ги споредиме со таквите кои дојдоа по превратот во 2017 година, тие и не личат толку на грешки.

Еве неколку непобитни факти дека не само што не станувало збор за влада која ја изолирала земајата и измислувала специјални непријатели и заговори, туку Македонија имала супер активна и ефикасна влада по однос на стратешките прашања.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде