Сепак ќе има штрајк во училиштата во септември? – се огласи претседателот на независниот синдикат Гиевски

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) најави штрајк во училиштата во текот на септември заради повисоки плати на вработените во образованието и за почитување на колективниот договор.

Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски, за МИА изјави дека активно работат на терен и се во преговори со училишта за окрупнување на членството за да постигнат репрезентативност и да покренат штрајк.

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), пак, не е за штрајк и со Министерството за образование и наука веќе преговара за зголемување на платите.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, за МИА изјави дека поддржуваат сѐ што е конструктивно и аргументирано.

Соопшти дека со МОН се во преговори за покачување на платите од септември за дополнителен процент на најавените 10 отсто што вработените во образованието треба да ги добијат со Општиот колективен договор (ОКД).

Гиевски од НСОН посочи дека за штрајк ќе се организираат во текот на септември и веќе испратиле повик до сите колективи во училиштата и се во преговори со нив, како што рече, да им ја дадат довербата за покренување штрајк.

Нагласи дека НСОН е подготвен за штрајк, но треба да имаат повеќе членови односно дваесет отсто од вработените во секое училиште.

Целиот текст прочитајте го на МИА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде