Ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ утрово пронашла отстрелана мечка со две мали мечиња во селото Жировница, општина Маврово – Ростуше.
Случајот го потврди директорот на Инспекторатот за животна средина, Сретен Стојановски, кој изјави дека се згрозени од овој чин.
„Денеска бевме запрепастени дека во село Жировница се убиени мечка и две мечиња.
По пријава на националниот парк Маврово, Државниот инспекторат за животна средина пристапи на лице место“, изјави Стојковски на прес-конференцијата.
Мечките во земјава се заштитени уште од 1996 година, а според Законот за ловство од 2009 година нивниот лов е трајно забранет.
НП „Маврово“ е природно живеалиште на кафеавата мечка.