Мерка која треба сите да ја поздравиме: БEСПЛАТЕН ОБРОГ ЗА СИТЕ ПРВАЧИЊА, по прв пат во општина Прилеп

Општина Прилеп за оваа 2023/2024 учебна година обезбеди бесплатен оброк за секое прваче.

-Сите 664 првачиња од основните училишта од Општина Прилеп оваа учебна година ќе добиваат бесплатен оброк составен од здрава храна.

Целта е финансиски да им олесниме на родителите, кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште, но и правилна и навремена исхрана за развој на децата.

Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, но и добри услови за работа за што се залагаме сите ние и локалната самоуправа и раководителите на образовни институции,

за да создадеме можности за подобра иднина на нашите деца, вели градоначалник на општина Прилеп, Борче Јовчески.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде