Бидете подготвени: Следува голема промена на времето!

До недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурите наутро ќе бидат многу пониски за разлика од изминатите утрини и тие ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 19 степени,

во Скопје до околу 15 степени, максималните температури пак особено за време на викендот ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, во Скопје до околу 32 степени.

Во понеделник под влијание на влажна и посвежа воздушна маса од север, времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со локална појава на грмежи.

Ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурите повторно ќе се намалат и максималните дневни ќе се икачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. Во Скопје до 25 степени.

Потоа од вторник времето ќе биде претежно стабилно и суво со свежи утра, а преку денот ќе бида пријатно топло.

Извор: Метео аларм / Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде