Вчера попладне, околу 14.55 часот, во Полициската станица Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во атарот на селото Ругинце, Кумановско, патничко моторно возило „ситроен“,
со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 38-годишната И. Ј. од Крива Паланка, излетало надвор од коловозот, извести МВР.
– По несреќата, И. Ј и сопатниците Б. Ј. и И. Ј. биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што им се констатирани повреди, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Куманово.