Во петокот, во Кавадарци, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци ги лишиле од слобода С.М.(37) од Кавадарци и А.А.(37) од Неготино.
друга компјутерска опрема за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ сторено на 28.08.2023 во Здружени на граѓани на ул.„Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци.
Додека, кај А.А. бил пронајден еден лап топ компјутер за кој, исто така, постои сомнение дека потекнува од истото кривично дело и дека го купил од С.М..
Пронајденото ќе биде вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
И основачот на „Донирај компјутер“, Борче Стаменов на Фејсбук објави дека крадецот е фатен и дека компјутерите ќе си ги земат в понеделник.