„Гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не дише…’’, Тешко повредено осумгодишно дете се јавило на 112 за да побара помош

Гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не дише…’’, биле зборовите со кои осумгодишното дете побарало помош на бројот за итни случаи 112 за себе и за својот татко.

Тоа претходно доживеало сообраќајна несреќа откако возилото со кое управувал неговиот татко доживеало тешка соорбаќајна несреќа по излетувањето од патот меѓу Дреново и Кавадарци.

По приемот на повикот надлежните служби во комуникација со детето успеале да го лоцират возилото кое излетало дури 22 метри од патот и да пристигнат за да им укажат помош.

Возилото е тешко оштетено и вистинско чудо е како и двајцата ја преживеале незгодата.

За овој случај на нивниот профил на Фејсбук информираа од ТПЕ Кавадарци

-Благодарение на пожарникарите во постојана комуникација со детето, автомбилот е пронајден а двајцата со тешки повреди се пренесени во Општа Болница Кавадарци, а оттаму  во Скопје.

Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите успеал да се јави и да побара помош.

Со зборовите -,,гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не дише“, се наведува во ФБ статусот на ТПЕ Кавадарци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде