Возило излетало од патот, телефон испратил автоматски повик до 112

Синоќа (02.09.2023) во 21.17 часот на единствениот европски број за итни повици 112 во ЦУК е добиен автоматски повик од Ајфон 14 од телефонски број од Србија,

кој содржел известување на англиски јазик дека корисникот на телефонот доживеал сообраќајна несреќа ,

не е контактибилен вклучително и аудио координати на местото на кое се случила несреќата, информираат од ЦУК.

Операторот на 112 во ЦУК итно го известил дежурниот центар во МВР давајќи ги координатите на несреќата.

Веднаш потоа била испратена полициска патрола која врз основа на добиените координати неколку минути подоцна го пронашла возилото кое било излетано надвор од регионалниот пат Неготино – Штип пред с. Пепелиште, непосредно пред мостот на Вардар.

Возачот и патниците во возилото не биле повредени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде