Дејана Новаковиќ, мајка на млада девојка од Скопје тврди дека нејзината ќерка била убиена на Клиниката за онкологија.
Нејзиното сведоштво доаѓа откако се обзнани во јавност дека се краделе скапите лекови, а пациентите добивале алтернативна терапија или пак само обичен физиолошки раствор.
„Пред две ипол години ќерка ми се лекуваше на Клиника за онкологија. Мислевме дека се лекува, они ми го убија детето.
Од лесно излечлив тип на канцер они со ‘терапијата’ го хранеле канцерот. Јавно објавувам дека нема да ги оставам да се заташка како се што се заташкува во скапаната држава!
Ќе активирам сее што е во моја моќ и Ве замолувам сите што можете да помогнете да се вклучите!
Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор доживотен!
Сликава од ангелот мој ја ставам тука да знаете кого го убивте и да ве прогонува како сенка, мир и сон да немате никогаш како моето семејство што нема!“, пишува Дејана Новаковиќ.