Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како млади се забавуваат уништувајќи урбана опрема додека во позадина ечи турбо фолк.
– Жално е што сè почесто сме сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема која претходно е поставена на местата каде децата и граѓаните најчесто одмараат.
Последниот случај е во дворот на ООУ “Ацо Шопов” каде што целосно е уништена урбаната опрема,
а оштетен е и летниковецот, објави Костовски.