Не стивнуваат реакциите од семејства чии блиски починале од карцином на Клиниката за онкологија.
-Мојата мајка, 62 години, почина неодамна од рак. Сомнежот се роди кога после четвртата примена “хемотерапија“, не и падна косата,
што е еден од главните симптоми на примање хемо, односно дека „лекот работи“, е дел од исповедта на еден профил на Фејсбук, кој говори за своето горко искуство.
Тој објави фотографија за која вели дека е направена денот кога во него се родил сомнеж.
-Постојано ги прашувавме дали е ставен лек, затоа што не видовме вбризгување на хемото, туку само шкрабање со фломастер дека е ставен…
Резултатот беше фатален кој не би го посакал ни на најголемиот непријател. Енормни трауми за болниот и блиските околу него, пишува човекот чија мајка починала на Онкологија.