Видео: Мечка се обидува да влезе во куќа во македонско село

Мечките веќе станаа постојани жители на шарпланинските села.

На видеото подолу се гледа како мечка со мало мече се обидува да влезе во еден дом во шарпланинското село Бродец.

Жителот на селото во страв го затвора прозорецот, но мечката упорно стои под прозорецот и се обидува да влезе во неговата куќа.

Но мечките се постојано во близина на селата.

„Слободен печат“ успеа да обезбеди снимки од мечки како одат низ нивите, во атарите на селата, се шетаат со мечињата како да се дел од мештаните на ова село.

Од Националниот парк Шар Планина велат дека добиваат поплаки за ваквите случаи, но мечката е заштитено животно и секој истрел кон неа е прекршување на законот.

Но, сепак безбедноста на населението ни е е пред се, вели Ибрахим Дехари директор на Националниот парк Шар Планина.

Постојано сме во координација со локалното население на Шара, имавме средба со надлежните министерства, а во понеделник ќе имаме уште една средба каде ќе треба да се дефинираат насоките во врска со оваа проблематика, додава Дехари.

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде