Вчера околу 22.45 минути автомобил од марката „форд“ излета од патот Охрид-Кичево.
Во несреќата со тешки повреди се здобиле возачот и сопатникот кои биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
„На 06.09.2023 во 22.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, општина Дебрца,
патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од Охрид, излетало од патот.
Притоа, возачот и сопатникот Е.Л.(19) од Охрид се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.