Вчера, околу 7.20 часот, во Полициската станица Кратово било пријавено дека во атарот на село Шлегово, Кратовско, трактор „имт“,
без регистарски ознаки, со приколка со кумановски регистарски ознаки, управуван од 68-годишниот А. Ј. од село Шлегово, излетал од патот, извести МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кратово,
а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.