На 06.09.2023 во 14.10 часот во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош при Здравствен дом Крива Паланка
било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од с.Петралица, кривопаланечко.
Според пријавеното, малолетникот се здобил со повредите при пад од приколка прикачена на трактор.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Крива Паланка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Да потсетиме, вчера, околу 7.20 часот, во Полициската станица Кратово било пријавено дека во атарот на село Шлегово, Кратовско, трактор „имт“,
без регистарски ознаки, со приколка со кумановски регистарски ознаки, управуван од 68-годишниот А. Ј. од село Шлегово, излетал од патот, извести МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кратово,
а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.