Крпен живот: Погледнете колку изнесувала минималната кошничка во месец август

Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023 година изнесува 49 345 денари,

соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Како што наведува ССМ, иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто,

сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јули за 725 денари.

-Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава најголемо зголемување има кај исхраната и пијалаците за 1,9 отсто, оценува Сојузот.

За жал, веќе има или е во најава поскапувањето и на други производи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде